4 НОЕМВРИ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БИТОЛА!


Седмата бригада која останала на теренот од Битолско и во текот на октомври не прекинала со нападите врз непријателските сили. Така имало повеќе напади од кои ги одбележуваме следните:
- 3 октомври: Седмата бригада во борби ги отфрлила две германски колони, извидувачкиот батањон на 104 германска дивизија и др.
- 6-7 октомври: Бригадата во напад кај месноста Превалец уништила 4 камиони од колоната која броела 100 такви.
- 7-8 октомври: Врз колоната од камиони бил повторен напад и во ноќта меѓу 7-8 . ёистоврмено била нападната и друга германска колона кај село Крклино.
- 13 октомври: Еден батаљон на Бригадата нападнала германска воемна единица при село Кажани.-
- 29 октомври: Бригадата водела жестоки борби со германските сили кај селата Тополчани и Тројкрсти, германски моторизирани колони и еден оклопен воз. Сите германски сили покрај загубите на човечки жртви и материјали морале да се повлечат кон Битола не можејќи да се пробијат кон Прилеп.
Седмата бригада скоро цело време до октомври останала на подрачјето на Битолско, а нејзиниот штаб се наоѓал во битолското село Гопеш. Командант на Бригадата во ова време бил Лавчанецот Пецо Гудовски.
Ослободување на Битола
Германските сили уште во октомври беа зацврстиле непосредно до село Могила. Тука имале сконцентрирано околу 100 митролези, 25 минофрлачи, многу камиони, биле ископани и ровови. Фортикациониот систем ја опфаќал линијата Св. Недела - Монополот - Железничката линија - Француски гробишта како и зајакнати пунктови еврејските гробишта, земјоделско училиште и друго.
49-та дивизија на 2 ноември добила задача да ја ослободи Битола. Во градот била воведена опсадна состојба. насекаде имало запречни препреки, ограничено движење и слично.
На 3 ноември 1944 година Седмата и Деветтата бригада воделе борби со германските сили стационирани во близината на село Могила. Истиот ден Врховниот штаб ја испратил следната телеграма до Главниот штаб на Македонија: „Потребно е да развиете максимална активност. особено е важно да ги ослободите што побрзо градовите и граничниот појас кон Грција. Да бидат држени сите градови, премини и сообраќајници на границата кон Грција. Да не бидат пуштени ничии групи на наша територија без наше одобрение. Многу е важно да бидат заземенни што побрзо градовите Гевгелија, Дојран и Битола. Тито“
Согласно телеграмата на Тито борците од 49 југословенска дивизија ги засилила своите акции. Така борбата кај Могила продолжила и на 4 ноември, а во предпладневните часови единиците на Седмата бригада на чело со командантот Пецо Гудовски одушевено пречекани од населението влегле во Битола.
Така, по неполна четиригодишна окупација македонските борци го ослободија својот град Битола.
No comments:
Post a Comment